Од 18 мај до 31 август

Изложба „На Срем“ во Музејот на Македонија

Музејот на Македонија ќе го одбележи Меѓународниот ден на музеите – 18  Мај, со отворањето на изложбата „На Срем“. На изложбата ќе бидат поставени над 120 фотографии, селектирани од богатата фото документација зачувана во Музејот. Низ слика и текст, изложбата го следи борбениот пат на македонските единици, офицери и борци, како и нивните премрежја на Сремскиот фронт и во завршните операции за ослободување на Југославија и за победа над фашизмот, во последните месеци од Втората светска војна.

На тој начин, уште еднаш се навраќаме на овие настани и се потсетуваме на придонесот на нивните учесници во крајот на војната, како значаен македонски придонес во заедничката ослободителна и антифашистичка борба, велат од Музејот.

Автор на изложбата и на текстот за каталогот е м-р Здравко Стојкоски, кустос – историчар во Музејот. Изложбата ќе може да се посети во периодот од 18 мај до 31 август со придржување кон протоколите воспоставени поради пандемијата со ковид-19. 

Реализацијата на оваа изложба соодветствува и со темата на овогодинешното одбележување на Меѓународниот ден на музеите „Иднината на музеите – Опоравување и презамислување“. Кризата настаната со пандемијата ги поттикна музеите да изнаоѓаат нови форми на културни искуства, со значаен фокус на дигитаилзацијата и на промоцијата на музејските содржини на социјалните мрежи. Во таа насока е и реализирањето на оваа изложба. Имено, на 9 мај изложбата „На Срем“  беше поставена во дигитален формат, на новата електронска платформа на Музејот – www.izlozba.mk.  

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе