Изложба на Сокол Марковски во Кочани - „Рак не е само хороскопски знак"

Во просториите на Салон фоаје 2 во НУЦК „Бели мугри" во Кочани вечер ќе биде отворена петтата самостојна изложба на уметникот Сокол Марковски насловена „Рак не е само хороскопски знак".

Сликите се изработени во периодот од 2020 до 2022 година во техниките масло на платно и комбинирана техника и дигитален принт на хартија.

-Идејата врз која го градам проектот со двосмислен наслов „Рак не е само хороскопски знак" произлегува од различните емотивни и физички состојби со кои се соочуваат болните од рак. Луѓето што се борат со некаква форма на рак не се претставувани во доменот на визуелните уметности кај нас, затоа целта на проектот е да допре и до социолошките аспекти преку портретите на замислени ликови и да предизвика сочувство кон нивната секојдневна борба, соопшти уметникот.

Во случајов, како што посочува, претставувањето портрети е најдиректна или најексплицитна форма на соединување на личните состојби и сознанија и „сознанијата на колективот".

-Портретите се имагинарни, човечкиот немир и внатрешна борба се обидувам да ги претставам преку извесна поетска арт брут естетика, со нагласена фацијална деформација и доведени до непрепознатливост преку апстрактизирање на нивната физиономија, при што примарно е доловувањето на интимните психолошки состојби на претставените личности. Предимензионираноста, односно монументализацијата на типизираните ликови (со изместен визуелен ракурс) е тенденциозна, тие доминираат за постигнување нивна поголема видливост, од една страна, а од друга иницира интроспекција преку сооченост со Лицето на Другиот, со нејзината/неговата болка со цел да се наведе набљудувачот да се постави во позиција не само на нем набљудувач, туку и на учесник во оваа лична физичка и емотивна борба, додава Марковски.

Сокол Марковски е роден во 1966 година во Скопје. Завршил во ГУЦ „Здравко Цветковски", архитектонски оддел во 1986 година. Дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" Скопје, на Факултет за ликовни уметности, педагошки отсек, насока сликарство, во класата на проф. Јован Шумковски во 2018 година.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и ќе биде отворена до 12 мај.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе