Изложба на слики на Исмане Мехди во КИЦ Скопје

Во Изложбениот салон – Империјал 2 при Културно информативниот центар – Скопје вечерва во 18 часот ќе бидат изложени над 20 дела работени во техника на платно на уметницата Исмане Мехди, создадени  од 2018 – 2021 година.

Исмане Мехди е родена 1990 година во Гостивар. Дипломирала на Факултетот за ликовна уметност при Државниот Универзитет во Тетово, оддел сликарство во класата на проф. Решат Амети. Член е на Здружението на ликовни уметници на Македонија ДРАУДАЦУМ, каде била и потпретседател во 2018 година. Работи како професор по ликовна уметност во училиштето „Исмаил Ќемали“ –Гостивар, а како надворешен соработник е ангажирана во  Министерството за култура.

Досега реализирала три самостојни изложби, од кои две во државава и една во Турција. Добитничка е на наградата ,,Art friendship Ambassador” од Национална академија за култура и уметност во Куала Лумпур, Малезија.

 

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе