Изложба на Сергеј Дамовски во Прилеп - „Лепени, сечени, монтирани“

Осумнаесет дела од кои 12 се колажи на цртежи ќе бидат изложени на осмата самостојната изложба „Лепени, сечени, монтирани" на уметникот Сергеј Дамовски, што од денеска се одржува во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков" во Прилеп.

Станува збор, како што самиот вели, за цртежи кои се работени во минатото и кои биле „чувани како во некој храм, во едно посебно ќоше“. Во натамошната експликација тој истакнува дека во тој период му се случиле некои „приватни и секакви драматични турбуленции“.

„Сакав од тие цртежи што ги имам на некој начин така да ги искомбинирам и да направам некои приказни кои ќе бидат возбудливи за гледачот, а интересни и за мене како автор пред сѐ. Еден дел од тие дела всушност се цртежи што се изработени во колаж, а другиот дел се направени дигитално. Фактички можам да ги наречам дигитален колаж. Тие се споени во една целина што јас ја нареков Лепени, сечени, монтирани“, вели Дамовски.

Уметникот Дамовски со сите свои изложби, независно дали се тоа скулптури, слики или цртежи, експериментира на различен начин од она што е негов препознатлив стил и ликовен јазик. Особено во скулптурата.

Сергеј Дамовски дипломирал педагогија со вајарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и денес работи како професор во СУГС „Орце Николов“.

Досега имал седум самостојни изложби, учествувал на многу групни постановки и колонии, а за своето творештво добитник е на бројни награди и признанија од кои посебно за издвојување се наградата за најдобар портрет на ДЛУМ во 2004 година и „Јордан Грабул“, највисокото признание за вајарство од колегите од Асоцијацијата што го добил во 2013 година.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе