Изложба на Петра Јовановска во Париз

На 7 јули во Париз во галеријата „Апстракт проект“ ќе биде отворена 50-та самостојна изложба „Без наслов #123“ на ликовната уметница Петра Јовановска.

На оваа изложба Јовановска ќе се претстави заедно со уметницата Слаѓана Матиќ Трстењак. Двете уметници се селектирани од уметничкиот совет на галеријата во Париз.

Петра Јовановска за презентација во Франција ја избра комуникацијата со геометриска форма - круг и неговата симболика како главна тема. Таа подолг период од нејзиното ликовно творештво го истражува кругот и го вметнува во своите ликовни дела. Сепак, нејзиниот уметнички израз не се заснова само на симболичните, семантичките карактеристики на геометриската форма, туку главната намера е да се насочи уметничката активност кон синтеза на уметничкиот говор како еден виден  истражувачки пристап кон уметничкото дело како уметничка креација. Всушност, делата на Петра Јовановска се карактеризираат со формирачки принцип со значаен редослед на рамнотежа на геометриските форми на внимателно усогласени деликатни релации на боја и форма. Петра Јовановска не доаѓа случајно до кругот како главен мотив на нејзиното сликарство. Тоа доаѓа како синтеза на нејзината креативна и животна филозофија, сознание дека кругот како совршена форма го симболизира сето она кон кое таа тежнее да го изрази и како жена и како уметник.

Петра Јовановска е родена 1972 година во Република Чешка, има завршено ФЛУ во Скопје.

Досега има реализирано 50 самостојни изложби (Франција, Германија, Хрватска, Полска, Чешка...) и учествувала во над 300 групни изложби, учесник е на голем број ликовни колонии, симпозиуми и добитник на неколку награди.

Ликовниот проект е поддржан од Министерство за култура на Македонија.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе