Изложба на Петра Јовановска во Париз

Утре во Париз во18,30 часот ќе биде отворена изложба на уметницата Петра Јовановска под наслов „Во границите на мојот круг". Изложбата свечено ќе ја отвори амбасадорката Јадранка Чаушевска Димов во изложбената сала на македонската амбасада.

Петра Јовановска како авторка подолг период го истражува кругот, се навраќа на него, се сретнува со него или пак патува низ кругот. Круг како едноставен геометриски облик, кој за авторката преставува голема симболика и функција. Создава чисти геометриски композиции, така ја нагласува улогата на кругот или пак го става кругот во некоја споредна улога. Круг како симбол на бесконечност, целина, нешто што нема почеток ниту крај, симбол на внатрешна слобода. Круг и како симбол на вечноста, на вечниот круг, перфекција и целина, сонце и месец. Круг како живот. Круг како љубов. Почеток и крај. Петра Јовановска се обидува да ги преминеме границите, внатре во нас.

Овој пат уметницата ќе ги премине границите на кругот. Петра Јовановска ќе понуди и новосоздадени ликовни дела.  Дела изработени во комбинирана техника на платно, на картон и на хартија.

Тргнувајќи од медиумот графиката, пред сѐ од графичките сегменти изработени во графички техники како што е сув печат и линорез, па користејќи и други ликовни техники како цртеж, слика, колаж, доаѓајќи до мултимедијална техника.

Петра Јовановска има завршено Факултет за ликовни уметности во Скопје, а досега реализирала 42 самостојни изложби, 290 групни изложни и ликовни проекти, добитник е на неколку награди, учествувала на голем број меѓународни ликовни колонии, симпозиуми, семинари, куратор и организатор на бројни изложби...

Ликовниот проект е финансиски поддржан од страна на Министерство за култура на Македонија.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе