Изложба на Петра Јовановска и Кругот во Куманово

На 3 декември во 19 часот ќе биде отворена самостојна изложба на ликовната уметница  Петра Јовановска со наслов „ Зад границите на кругот“ во изложбениот простор на Галеријата при НУ Музеј на град Куманово. Изложбата свечено ќе ја отвори амбасадорот на Чешка Мирослав Томан.

Петра Јовановска како авторка подолг период го истражува кругот, се навраќа на него, се сретнува со него или пак патува низ кругот. Круг како едноставен геометриски облик, кој преставува за авторката голема симболика и функција. Создава чисти геометриски композиции, така ја нагласува улогата на кругот или пак го става кругот во некоја споредна улога. Круг како симбол на бесконечност, целина, нешто што нема почеток ниту крај, симбол на внатрешна слобода. Круг и како симбол на вечноста, на вечниот круг, перфекција и целина, сонце и месец. Круг како живот. Круг како љубов. Почеток и крај. Петра Јовановска се обидува да ги преминеме границите, внатре во нас.

Овој пат уметницата ќе ги премине границите на кругот. Изборот на презенираните дела ќе биде прилагоден на изложбениот простор, кој го нуди галеријата во Куманово.

Петра Јовановска ќе понуди новосоздадени ликовни дела.  Дела изработени во комбинирана техника на платно, на картон и на хартија.

Тргнувајќи од медиумот графиката, пред сѐ од графичките сегменти изработени во графички техники како што е сув печат и линорез, па користејќи и други ликовни техники како цртеж, слика, колаж, фотографија доаѓајќи до мултимедијална техника.

Петра Јовановска допломирала на ФЛУ во Скопје, до сега реализирала 43 самостојни изложби, учествувала во над 290 групни изложби и ликовни проекти, добитник е на неколку награди, учествувала на голем број меѓународни ликовни колонии, симпозиуми, семинари, куратор и организатор на бројни изложби.

Ликовниот проект е финансиски поддржан од страна на Министерство за култура на Македонија.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе