Изложба на Олег Кулик во „Мала станица“

Во мултимедијалниот центар „Мала станица“ вечер ќе биде отворена изложбата „Merry-go-round“ на Олег Кулик. Организатор е Националната галерија на Македонија во соработка со авторот и со Музејот на современа уметност на Војводина.

Олег Кулик е роден во 1961 година, во Киев, и важи за еден од основачите на акционизмот во постсоветска Русија. Преку својата работа ги истражува односите меѓу политиката и моќта, емоционалните и физичките аспекти на односот меѓу луѓето и животните, нормалноста и отстапувањето, кичот и уметноста. Дипломирал на Кралската уметничка школа во 1979 година. Ја започнал својата кариера како кустос во галеријата.

На изложбата во „Мала станица“ ќе бидат претставени неговите антологиски акции од 90-тите години на минатиот век и познатите амблематски изведби од сериите „Бесно куче“, „Јас ја касам Америка, Америка ме каса мене“, „Ја сакам Европа, а таа не ми ја возвраќа љубовта“, фотоколажи од 2000-тите, како и нов перформанс и скулптура изведени во соработка со Музејот на современа уметност на Војводина.

Изложбата ќе биде поставена до 15. јули, а одговорен кустос за проектот е Ана Франговска, виш кустос. За времетраењето на изложбата ќе се организира и онлајн разговор со Олег Кулик, а во почетокот на јули ќе гостува и Сања Којиќ Младенов, куратор на проектот во Музејот на современата уметност на Војводина, која ќе одржи предавање за соработката со Кулик и за неговите позначајни проекти, соопшти Националната галерија на Македонија.

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе