Изложба на Ниче Василев

Во галеријата Ел Греко во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на слики на Ниче Василев.

Василев е роден во Дабиле, струмичко. Академија за ликовна уметност завршил во Варшава, 1978, во класата на проф. Лудвиг Мачионг. Во 1971/72 година студирал на Националната Академија на факултетот за применети уметности во Софија. Член е на ДЛУМ од 1980 година. Живее и работи во Струмица.

Реализирал над 30 самостојни изложби во земјава и странство, меѓу кои во Скопје, Струмица, Битола, Штип, Гевгелија, Варшава, Атина, Софија, Анкара, Цирих, Мадрид, Белград и др.

Учествувал на повеќе групни изложби и колонии во земјава, Бугарија, Србија, Полска, Грција, Франција и Словенија.

Во 2013 година бил на студиски прстој во Париз,Франција, со поддршка на Министерство за култура на Република Македонија. Добитник е на повеќе награди и признанија: Откупна награда на изложбата Југословенски портрет Тузла 1987, награда Димитар Пандилов на Друштво на ликовните уметници на Македонија 2000 и 2008 година,награда Методија Ивановски Менде на КИЦ, Скопје 2012 година, Гран при на Остен, Светска галерија на цртежот, Скопје 2013 и Уметник на годината 2013 Светска галерија на цртежот 2014. 

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе