Изложба на Мице Јанкуловски Мицко во Гостивар

Во организација на НУ Центар за култура „АСНОМ" во ликовната галерија, денеска беше отворена самостојна изложба на слики на Мице Јанкуловски Мицко по повод 50 години негово творештво.

На промоцијата беше кажано дека Јанкуловски како мултимедијален уметник, креативната енергија во своето 50 годишно творештво ја има канализирано преку сликарството, цртежот, карикатурата, анимираниот филм, сатирично сликарство на стакло.

Како што кажа самиот уметник, неговото прво претставување пред гостиварската публика е дел од една патувачка изложба која претходно ја виделе и љубителите на уметноста во пет други градови низ Северна Македонија. Тој потенцираше дека низ фазите на неговото творештво дошол до сознание дека преку црната боја успеал да дојде до посакуваната цел и напомена дека во оваа фаза успеал да го долови движењето кое од претходно го опседнувало.

Академскиот сликар и универзитетски професор Решат Ахмети на отварањето на изложбата за творештвото на Јанкуловски од оваа негова фаза се карактеризира со монохромност, но како што рече е полно со естетика. Неговата изложба, според Ахмети претставува особена чест за публиката кој има можност одблизу да се запознае со делото на еден најзначајните македонски уметници.

Во биографијата на Мице Јанкуловски стои дека има педесет самостојни изложби кај нас и во светот и забележителни претставувања на меѓународни манифестации и биеналиња.

Тој за неговата работа е наградуван со престижни награди: „Ел ГРЕКО" за најдобар уметник на АртТесалоники 2019, Грција; „Лоренцо Ил Мањифико" за животно остварување на Фиренца Биенале 2019, Италија; „Уметник на светот" на Ларнака Биенале 2018, Кипар; ГРАН ПРИ на 19-то Меѓународно графичко биенале Варна 2017, Бугарија; Гран При (во 1997) на Светската галерија.

Организаторот на настанот ги спроведе потребните мерки кои се во согласност со мерките и протоколите за заштита од Ковид 19.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе