Изложба на ликовни дела од Националната галерија на БиХ, во Ликовниот салон на МАНУ

Во Ликовниот салон на МАНУ вечер од 20 часот ќе биде отворена изложба на околу 80 оригинални дела од 17 уметници од 20 век членови на Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина.

До 22 април ќе бидат претставени  дела на најстарата генерација автори кои се школувале меѓу двете светски војни – Исмет Мујезиновиќ; Војо Димитријевиќ; Иво Шеремет и Мица Тодоровиќ; и со по едно или повеќе дела ќе бидат застапени и Антун Аугустинчиќ; Недељко Гвозденовиќ; Божидар Јакац; Бошко Куќански; Џевад Хозо; Бекир Мисирлиќ; Афан Рамиќ; Петар Перица Видиќ; Мехмед Заимовиќ; Слободан Брацо Димитријевиќ; Фрањо Ликар; Сафет Зец и Јагода Буиќ.

Делата се сопственост на Уметничката галерија на Босна и Херцеговина која изложбата ја организира во партнерство со нивната Академија, а авторка на поставката во МАНУ е Аида Абаџиќ-Хоџиќ. Критериум за изборот не била некоја естетска линија, туку идејата да бидат претставени најдобрите автори и нивните најрепрезентативни дела.

Во специјално подготвен каталог на босански, македонски и на англиски јазик претставени се 17-те застапени автори, нивните биографски податоци и карактеристиките на нивното творештво.

Директорот на Уметничката галерија на БиХ Страјо Крсмановиќ на прес-конференција по повод изложбата рече дека со неа ќе се продлабочат пријателските врски меѓу двете земји, затоа што во план е и возвратно гостување на дела од уметници членови на МАНУ во октомври во Сараево.

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе