Изложба на графики на студенти

Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Катедрата по графика и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, по 34-ти пат ја организираат изложбата Студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте. Изложбата ќе биде отворена денеска во 13 часот, во Галеријата на ФЛУ.

На отворањето на изложбата ќе биде доделена наградата за најуспешно графичко дело реализирано во академската 2020/2021 на студентот од 3-та година на Катедра по графика Стефан Божиновски, како и пофалници за студентите чии дела влегуваат во потесна селекција. Учествуваат студенти од сите студиски години на Катедра по графика и Катедра по ликовна педагогија – насока графика. Како и изминатите години, изложени се и плакати дизајнирани за годинашната изложба од страна на студентите од 4-та година кои ја посетуваат наставата на модулот Графички дизајн.

Традиционално, за најдобро изведено графичко дело во академската 2020/21 година, ќе биде доделена паричната награда од семејната Фондација „Драгутин Аврамовски – Гуте“, како и можност за самостојно претставување на наградениот студент во текот на следната академска година во галериите на ФЛУ.

Организацијата на оваа изложба е реализирана од Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Фондацијата „Драгутин Аврамовски – Гуте“ ја доделува истоимената награда од 1988 година, кога прв пат постхумно е доделена, во чест на професорот и еден од основачите на Катедрата по графика.

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе