Скопско лето

Изложба на фотографии за патот на сефардиските Евреи

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Патот на Сефардите" на Здружението на еврејски населби „Caminos de Sefarad" од Шпанија, во организација на Шпанската амбасада.

Изложбата ќе претстави 20 фотографии за патот на сефардските Евреи во 18 шпански градови – Авила, Барселона, Касерес, Калахора, Кордоба, Естела-Лизара, Ервас, Хаен, Леон, Лусена, Монтфорте де Лемос, Овиедо, Пласенсија, Рибадавија, Сеговија, Таразона, Толедо и Тудела.

Здружението на еврејски населби  „Caminos de Sefarad“ е  непрофитна јавна асоцијација чија цел е заштита на урбаното, архитектонското, историското, уметничкото и културното наследство на сефардските Евреи во Шпанија, како и  развивање културни и туристички проекти и размена на национални и меѓународни искуства.

Формирано е во 1995 година и се состои од 18-те градови, а на европско ниво е основач на ЕАЗПЕН – Европска асоцијација за зачувување и промоција на еврејското наследство.

Изложбата „Патот на Сефардите“ е во рамки на фестивалот „Скопско лето“ и во организација на Амбасадата на Шпанија по повод 25 години од воспоставувањето дипломатски односи со нашата земја.

 

 

 

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе