Скопско лето

Изложба на фотографии - „Скокаме заедно“

Во рамки на „Скопско лето" денеска од 16 часот во ТЦ Скопје сити мол ќе биде отворена фотографска изложба „Скокаме заедно" во соработка со Амбасадата на Израел и здружението „Акта нон верба".

Оваа изложба произлегува од социјален проект и, како што наведува фестивалот, претставува скок против природата, скок до заемно разбирање, до коегзистенција и скок за подобар свет. Скоковите се фотографирани од Шломи Амсалем, Јордан Полвој, Шломо Гелбер.  Амир Ешел, Еран Гил и Јехезкел Еткин.

„Скокаме заедно“ е нова изложба на фотографии која раскажува неконвенцијална приказна. Дипломат од Министерство за надворешни работи, амбасадор кој носи костум и вратоврска,  ултраортодоксен Евреин кој е израелски првак во капуера, група арапски капуератисти од север, ултраортодоксна младина од Бнеи Брак, група од хадистички Евреи од Ерусалим и група млади луѓе со посебни потреби. Сите овие се собираат заедно за сесии на скокање и необични вежби во дворот на црквата во Абу Гош, во стариот град на Ерусалим, во пејзажите на Израел, соопшти „Скопско лето“ во најавата на изложбата. 

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе