Изложба на Филип Лафазановски во Сегед, Унгарија

Во саботата беше отворена самостојната изложба на фотографии на 19 годишниот студент Филип Лафазановски во Гранд кафе Сегед во Сегед, Унгарија, како дел од музичкиот фестивал Грибедли фест.

На изложбата беа претставени 15 фотографии снимени во периодот од 2015 до 2019 година. Изложбата ја отвори и организира Акош Важоњи, стипендист од Унгарија кој е на двегодишен престој во Македонија.

Филип е член на фото сојузот на Македонија. Досега учествувал на повеќе од 20 групни изложби во Македонија, Србија, Унгарија и Бангладеш каде има освоено и неколку награди. Негови фотографии се објавени во книгата WeStreet Book 2016 и во Urban Eye Magazine.

Беше дел од изложбите „Нове тенденције у македонској фотографии“ во Чачак, Србија 2017 и „Актуелен момент во македонската современа фотографија“ во Скопје, 2018 во организација на Фото сојузот на Македонија.

Изложбата ќе биде поставена во Гранд кафе Сегед до крајот на летната сезона, а беше опишана како „слика за монотоната урбана алчност и игривата виртуозност“

Ова е инаку втора самостојна изложба на Филип Лафазановски, двете се во Унгарија, првата беше во градот Печуј во 2017 година во галеријата на Civil Közösségek Háza.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе