КИЦ Скопје

Изложба на Дита Старова Ќерими

Изложба на слики од ликовниот уметник Дита Старова Ќерими ќе биде отворена денеска во Културно-информативниот центар во Скопје.

На изложбата авторот ќе се претстави со 15 дела, работени во техника акрилик на платно, создадени последниве години. Изложбата ќе биде отворена до 22 декември 2020 година.

Дита Старова Ќерими (1984) е директорка на Националната галерија, афирмирана академска сликарка и педагог, доцент на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ колеџ“ – Скопје. Добитник е на наградата „13 Ноември“.

Таа својата прва сликарска наобразба ја добива во Париз, во раните школски денови во лицејот „Жансон де Сали“, а по четири години школување во познато ателје ја има и својата прва изложба. Во родното Скопје го завршува Средното уметничко училиште за применети уметности „Лазар Личеноски“. Дипломира на одделот сликарство со графички дизајн на Факултетот за ликовни уметности – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со просечна оценка 10, а со таков успех и магистрира ликовна уметност на истиот факултет. На Универзитетот „Евро-Балкан“ во 2014 година докторира на тема „Муралното сликарство во исламските сакрални градби во Република Македонија низ практична анализа на човековиот придонес“ под менторство на проф. д-р Мехмет Ибрахим – Ѓил од Факултетот „Гази“ при Универзитетот во Анкара. Нејзините трудови од оваа област се објавени во домашни и странски изданија, а докторската дисертација ѝ ја издаде „Логос А“ од Скопје.

Досега има реализирано 14 самостојни и над 50 групни изложби во земјава, САД, Франција, Турција, Бугарија, Косово и други земји. Добитничка е на наградата „Методија Ивановски – Менде“ на изложбата „Мал формат“ 2012, на признанието „СИАБ“ и на други домашни и странски признанија. Нејзини дела се наоѓаат во колекциите на Музејот на современата уметност и на Националната галерија во Скопје, како и во колекции во Канада, Турција и Франција. Таа е член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), на Здружението на уметници „Аrt Vizion“, на Здружението на уметниците на Македонија „Драудакум“ и др. 

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе