Изложба на Бурим Муфтиу во Чифте амам

Во Чифте амам денеска ќе биде отворена изложбата „Сеќавања“ на уметникот Бурим Муфтиу, во организација на Национална галерија на Република Македонија.

Централно место во уметничкото говорење на Бурим Муфтиу, преку фотографии, инсталации и видеопроекција, зазема манекенот (кукла во излог).

„Манекените за Бурим Муфтиу имаат двојна или тројна улога, тој се обидува преку овие фотографии да им даде нова задача на моделите, друга функција вградена во еден концепт. Облеката им е речиси невидлива, чиниш се обидуваат да ја прикријат и да ја маскираат својата душевна состојба, спомените и сите тие ужасни искуства од минатото. Моделите снимени од Бурим Мифтиу веќе не ја рекламираат облеката, туку со изразите на лицата, со скршени екстремитети, необичен нос и очи прифаќаат сторија, разочарување и ужас. Кај инсталациите во кои манекенот е претставен во форма на кукла, тематиката е иста како и кај фотографијата – разочарувањето и болката од стварноста се примарни. Тука се надоврзува и видео инсталацијата со приказ на имагинарните ликови на манекените сведоци на едни скршени соништа. Авторот преку своите дела го осудува насилството. Ниедно насилство во светот нема оправдување, туку само изговори. Преку фотографии, инсталации и видеопроекција отворено зборува за негирањето на геноцидот и за негирањето на човечките страдања и трагедии“, се наведува во предговорот за изложбата на Муфтиу.

Бурим Муфтиу е роден во 1961 година во Призрен. Тој е уметник, фотограф, кустос и предавач. Живее и работи во САД и во Косово. Дипломирал англиски јазик и книжевност на филолошкиот факултет на Универзитетот во Приштина. Специјализира фотографија на Институтот за фотографија, НИИП, Њујорк. Дипломирал и магистрирал визуелни уметности, на Универзитет ААБ, Приштина, Косово. Добитник е на повеќе награди.

Куратор на проектот е Татјана Бундалевска, кустос во Национална галерија на Република Северна Македонија. Изложбата ќе биде поставена до 26 ноември.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе