Изложба на Арсовски во Софија

Изложбата „Тектонски пореметувања" на македонскиот академски ликовен уметник Зоран Арсовски – Бабата утре ќе биде отворена во галеријата на Македонскиот културно – информативен центар во Софија.

По успешното претставување на неговото најново творештво во три српски града и тоа во Белград во престижната галеријата Белградска тврдина на Калемегдан, Домот на културата во Књажевац и Галерија за современи уметности во културниот град Кучево, овој пат за публиката во бугарската престолнина Софија ќе бидат претставени околу шеесетина дела од неговиот најнов ликовен опус. Посетителите ќе имаат можност да ја видат оваа изложба до 28 октомври.


Зоран Арсовски - Бабата е роден 1980 во Куманово. Дипломирал 2005 година и магистрирал 2007 година на Националната ликовна акдемија во Софија, насока сликарство во класата на професорите Станислав Памукчиев и Божидар Бојаџиев. Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

Со оваа изложба Арсовски ќе ја заокружи 11-та самостојна изложба и своето меѓународно претставување пред пошироката публика за оваа година. Овој проект е дел од годишната програма за 2019 година на нашето Министерство за култура.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе