Изложба на 11 интернационално признати уметници во МСУ

Во Музејот на современата уметност – Скопје денеска ќе биде отворена меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко“.

Ќе бидат изложени дела од 11 интернационално признати уметници: Францис Алис (Белгија), Марва Арсаниос (САД), Шерон Хејс (САД), Артур Џафа (САД), Хива К (Ирак), Јонас Стаал (Холандија), Ву Цанг (САД), Дардан Жегрова (Косово), како и македонските уметници Кристина Божурска, ОПА (Опсесивно посесивна агресија) и Игор Тошевски.

Изложбената поставка се состои од 13 дела во различни медиуми, инсталации и видео дела.

Главната цел на изложбата е да понуди уметничко толкување на радикално левичарските политики и практики кои го опфаќаат концептот на сознание на различноста и солидарноста на локално и глобално ниво, истражено и презентирано преку уметничка акција.

Кураторки на изложбата се Мира Гаќина и Јованка Попова. Дизајнот за визуелно решение го направи уметницата Неда Фирфова.

Изложбата ќе биде отворена до 31 март 2022 година и се реализира со поддршка од Министерството за култура на Македонија, ЕВН Македонија и Тиквеш. 

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

повеќе