Изложба „Мустаќлии“ во Мала станица

Националната галерија вечер во Мала станица ќе отвори изложба насловена „Мустаќлии“ во контекст на подигнување на свеста за машкото здравје и глобалната кампања на пуштање мустаќи кај мажите – „Movember“ што се организира секоја година во ноември.

Изложбата е прво издание на проектот „Од поинаков дискурс“ кој ќе вклучи интелектуалци чија дејност не е тесно поврзана со ликовната уметност, критика и теорија, кои во соработка со куратор од галеријата ќе работат на некоја тема инспирирана од богатата колекција на Националната галерија. Целта е од поинаков дискурс да се пристапи кон толкување, систематизација и истражување на нашето културно богатство.

За првото издание Галеријата го покани д-р Владимир Мартиновски, професор, поет, писател, есеист, раскажувач, теоретичар, книжевен преведувач кој ја предложи темата „Мустаќлии“, а негов ко-куратор беше виш кустос Ана Франговска.

Во текстот за изложбата д-р Мартиновски наведува дека во текот на XX век во македонската ликовна уметност се создадени низа впечатливи портрети на „мустаќлии“.

„Преку избор од педесетина портрети на мажи со мустаќи од богатата колекција на Националната галерија на Македонија, реализирани во различни ликовни техники, изложбата „Мустаќлии“ има за цел да загатне низа естетски, семиотички, антрополошки, социолошки, културолошки и родови аспекти на овој феномен“, наведува, меѓу другото, Мартиновски.

Изложбата во мала станица ќе може да се посети до 8 декември 2019.

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе