Национална галерија

Изложба „Мустаќлии“ по повод Мувембер

Во пресрет на месецот ноември, или во контекст на месецот на подигнување на свеста за машкото здравје и глобалната кампања на пуштање на мустаќи кај мажите - Мувембер (Movember), Националната галерија ја организира изложбата насловена „Мустаќлии“ на дела од нејзината богата колекција која се отвора на 14 ноември, во Мултимедијалниот центар Мала станица, 20.00 часот.

Oваа изложба е првото издание на проектот „Од поинаков дискурс“. Целта на овој проект е да вклучи интелектуалци чија дејност не е тесно врзана со ликовната уметност, критика и теорија, кои во соработка со ко-куратор од галеријата ќе работат на некоја тематика која ја задаваат, а е инспирирана од богатата колекција на Националната галерија, со цел од поинаков дискурс да се пристапи кон толкување, систематизација и истражување на нашето културно благо.

За првото издание поканет е д-р Владимир Мартиновски, професор, поет, писател, есеист, раскажувач, теоретичар, книжевен преведувач кој ја предложи темата „Мустаќлии“, а негов ко-куратор беше виш кустос, м-р Ана Франговска.

„Кога точно пред еден век Марсел Дишан (во 1919 година) ѝ доцртал мустаќи на Мона Лиза, покрај субверзивната пресметка со традицијата, тој ни оставил визуелно потсетување колку навидум „малите” ликовни интервенции на лицето можат да го променат „личниот опис” (а со тоа и идентитетот) на насликаниот модел. Во детството ретко кој не им цртал или доцртувал мустаќи на ликовите од фотографиите од старите весници: само со неколку потези со моливот или пенкалото, само со повлекување неколку линии т.е. влакна, за миг излегува сосема нов лик!

Таа миговна метаморфоза ни покажува дека мустаќите (грч. μύσταξ,) не се само „грст влакна над горната усна” или „коса на лицето”, како што неретко се дефинираат. Имено, мустаќите не се само украс на човековото лице. Тие се визуелен знак, симбол, па затоа воопшто не се за потценување кога зборуваме за нивното присуство (или отсуство) во портретната уметност од нејзините почетоци до денес“.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе