Изложба и научен собир за Дичо Зограф

Во Ликовниот салон на МАНУ вечер од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Иконите на Дичо Зограф" посветена на еден од најпознатите иконописци и фрескосликари на Балканот во 19 век.

Дичо Зограф (Димитар Крстев Дичов, познат и како Дичо Крстевиќ) во својот живот насликал повеќе од 2.000 икони за потребите на црквите во Македонија, Србија и Грција.

Изложбата вечер ќе ја отворат претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и д-р Сашо Цветковски од ИЦКН „Цветан Грозданов“ при МАНУ.

МАНУ и Македонската православна црква – Охридска архиепископија утре и задутре ќе организираат и меѓународен научен собир „200 години Дичо Зограф (1819-2019)“. 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе