Изложба „Есенски салон“ во Уметничката галерија во Тетово

Колективна изложба „Есенски салон“ на 15 уметници членови на Здружението „Арт Полог“ беше свечено отворена вчера во Уметничката Галерија во Тетово. Претставените дела ќе бидат изложени и ќе може да се погледнат до среда 30 октомври.

„Ние сме ново здружение на уметници, ова е прва година на нашето постоење и на овој начин се претставуваме пред тетовската публика. Тема беше слободна и секој уметник се изрази на свој начин. Имаме вајарство, сликарство и графика претставени на повеќе основи како картон, платно, и слично“, изјави Али Синани, сликар и претседател на здружението.

Колективната изложба „Есенски салон“ била претставена пред жителите на гостиварски Добри Дол и во Центарот за култура „Кочо Рацин" во Кичево. Следува изложба и во Гостивар.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе