Изложба 50-години творештво и промоција на публикација на Мицко Мице Јанкуловски

По повод 50 години од творештвото на Мицко – Мице Јанкуловски денеска во спомен домот на Браќата Миладиновци во Струга ќе биде отворена изложба и ќе биде промовирана публикација во организација на центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

Делата на Јанкуловски насликани со црната боја, професионалната јавност ги препознала како исклучително значаен придонес во еден ексклузивен сегмент на уметници во историјата на уметноста, кои сликале со црна боја. Историчари на уметност и куратори, препознаваат различни димензии во неговото сликарство.

Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои: Ел Греко награда за најдобар уметник, Лоренцо ил Мањифико награда за животно остварување, Награда Уметник на светот, Гран при на Меѓународното графичко биенале во Бугарија…

Отворањето на самостојната изложба на МИЦКО и промоцијата на публикацијата, Центарот за култура најави дека ќе се одвива согласно мерките и протоколите за заштита од ковид-19.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе