„Излез од темнината“ - изложба на Сашо Милевски

Во изложбениот салон – Империјал 1, денеска во 16 часот ќе биде отворена изложба на слики насловена „Излез од темнината“ од Сашо Милевски, информираат од Ју Културно Информативен Центар – Скопје.

На изложбата ќе бидат изложени 25 дела работени во техника акрилик на платно, создадени 2019 – 2021 година од Сашо Милевски, роден 1987 година во Битола. Милевски дипломирал „Електротехника и информациски технологии“ во Скопје 2012 год. На истиот факултет завршил постдипломски студии во 2013 година. Со сликарство активно се занимава од 2015 година.

Изложбата, како што информираат од центарот, ќе биде отворена до 28 април.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе