ИЗЛОЖБА ВО КИЦ

Италијанска иницијатива за музеи во мрежа ќе биде претставена во Македонија

Во Културно-информативниот центар – Скопје, во изложбениот салон „Империјал 1", во петок, 6 февруари, во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „НетКАМ – Музеите во мрежа Бал-КАМ". Изложбата содржи 30 фотографии и 15 видеопроекции, а ќе ја отвори Антонио Манфреди, куратор на изложбата од Италија.

„НетКАМ“ е мрежа која е создадена со цел да се подобри културната реалност и да овозможи да се создаваат контакти и надворешни односи. Иницијатор на мрежата е Музејот за современи уметности „КАМ Касориа“, кој има за цел размножување и ‘ртење на музеите на разни локации низ целиот свет.

КАМ не е само музеј, туку и идеја за управување, која на меѓународната уметничка сцена е збирка што зборува за историјата на стотици уметници од целиот свет, и им нуди образовно и културно внимание, за нови иницијативи и средби, соработки и размени.

КАМ со КАМ-мрежниот систем ја обезбедува можноста да се биде истовремено присутен на неколку места. Благодарение на брендот, кој веќе постои на меѓународно ниво, и на капацитетот за управување со низок буџет и високо културолошко ниво, музејот „КАМ Касориа“ предлага создавање на нови музеи за современи уметности – КАМ, кои ќе бидат поврзани едни со други и ќе бидат управувани од својот штаб во Касориа.

Во тој контекст произлегува првиот настан на овој систем со наслов „Бал-КАМ“, што за прв пат ќе се претстави во Гостивар, каде што КАМ има силна поддршка од страна на Здружението за уметност и култура „Silindar't“.

Со поддршка од Општинскиот музеј на Гостивар, на 4 февруари, КАМ ќе го претстави својот избор на дела од фотографските и видеоселекции од постојаната колекција на музејот, чија што цел на ова претставување е воспоставување на соработка за формирање на КАМ - Музеј на современи уметности во Македонија, како дел од овој проект.

На 6 февруари изложбата ќе се пресели во Културно-информативниот центар во Скопје.

Организатори и учесници на изложбата од Македонија се Бурхан Ахмети и Алма Идризи.

Македонија е земја со која што долго време Музејот КАМ има испреплетени односи на соработка, и последна реализација на една ваква соработка е изложба во просторите на Касориа со значајни македонски уметници, насловена како „Одраз бела, црна или не“ во 2013 година, која беше реализирана во соработка со македонското Министерство за култура и НУ Национална галерија на Македонија.

Т.Д.

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија.

повеќе

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе