„НетКАМ“ е мрежа која е создадена со цел да се подобри културната реалност и да овозможи да се создаваат контакти и надворешни односи. Иницијатор на мрежата е Музејот за современи уметности „КАМ Касориа“, кој има за цел размножување и ‘ртење на музеите на разни локации низ целиот свет.
КАМ не е само музеј, туку и идеја за управување, која на меѓународната уметничка сцена е збирка што зборува за историјата на стотици уметници од целиот свет, и им нуди образовно и културно внимание, за нови иницијативи и средби, соработки и размени.
КАМ со КАМ-мрежниот систем ја обезбедува можноста да се биде истовремено присутен на неколку места. Благодарение на брендот, кој веќе постои на меѓународно ниво, и на капацитетот за управување со низок буџет и високо културолошко ниво, музејот „КАМ Касориа“ предлага создавање на нови музеи за современи уметности – КАМ, кои ќе бидат поврзани едни со други и ќе бидат управувани од својот штаб во Касориа.
Во тој контекст произлегува првиот настан на овој систем со наслов „Бал-КАМ“, што за прв пат ќе се претстави во Гостивар, каде што КАМ има силна поддршка од страна на Здружението за уметност и култура „Silindar't“.
Со поддршка од Општинскиот музеј на Гостивар, на 4 февруари, КАМ ќе го претстави својот избор на дела од фотографските и видеоселекции од постојаната колекција на музејот, чија што цел на ова претставување е воспоставување на соработка за формирање на КАМ - Музеј на современи уметности во Македонија, како дел од овој проект.
На 6 февруари изложбата ќе се пресели во Културно-информативниот центар во Скопје.
Организатори и учесници на изложбата од Македонија се Бурхан Ахмети и Алма Идризи.
Македонија е земја со која што долго време Музејот КАМ има испреплетени односи на соработка, и последна реализација на една ваква соработка е изложба во просторите на Касориа со значајни македонски уметници, насловена како „Одраз бела, црна или не“ во 2013 година, која беше реализирана во соработка со македонското Министерство за култура и НУ Национална галерија на Македонија.
Т.Д.