Реакција

Илија Пенушлиски: Не сакам да бидам дел од изложба на дела на бугарски Бугари и македонски Бугари

Cѐ додека бугарската политика не престане со примитивните и за нас болно навредливи посегнувања по сржта на нашето постоење, секоја „културна соработка” ќе биде травестија, се вели во реакцијата на познатиот македонски сликар кој дознал дека и негова слика била изложена на изложбата „Заедно“ во Бугарскиот културен центар во Скопје. 

Пред четири дена во Скопје беше отворена заедничка изложба на уметници од Македонија и Бугарија, насловена „Заедно". На изложбата е изложена и една слика на сликарот Илија Пенушлиски од Галичката колонија, без негово знаење. Еве ја и неговата реакција:

„Се прашувам, која е смислата на оваа изложба? Кого таа го претставува? Во некој нормален свет една ваква изложба би била вообичаен пример за културна соработка меѓу два народа. Но, со оглед на зацементираниот бугарски став за непостоење на македонска нација, на македонски јазик, па од таму и на македонско сликарство и култура, одговорот се наметнува - за нив, Бугарите, изложбата не може да биде ништо друго освен изложба на дела од бугарски Бугари и македонски Бугари. 

А на таа изложба ме убутале и мене. Со слика што сум ја насликал на Галичката ликовна колонија пред дваесетина години. Од изненадени пријатели дознавам дека моето име стои и на излогот на центарот. Демек, чаршијата да види кој сѐ учествува во овој настан.

Ја замолувам Галичката колонија да ја повлечете мојата слика од оваа изложба. Барам бугарскиот центар да го избрише моето име од излогот.
Cѐ додека бугарската политиката не престане со примитивните и за нас болно навредливи посегнувања по сржта на на нашето постоење, секоја 'културна соработка' ќе биде травестија“.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе