„Хартии“ - јубилејна изложба на Сергеј Андреевски

Во фоајето на Музејот на македонската борба за самостојност – Скопје, денеска свечено ќе биде отворена изложбата „Хартии“ на македонскиот ликовен уменик Сергеј Андреевски.

Изложбата претставува ретроспектива на истражувањата на авторот врз различни видови хартија со различни материјали во изминативе 35 години.

Публиката ќе може да види дела од различни фази и тематски циклуси, почнувајќи од дела создадени уште во раните студентски денови (од 1983 г.) па се до последните патувањата на Сергеј низ светот. На оваа изложба ќе бидат претставени творби на хартија од римската фаза (слики, скици и цртежи создадени за време на студискиот престој на Андреевски во Рим, Италија, веднаш по завршувањето на ФЛУ во Скопје), нирнбершка фаза (слики, цртежи и скици од студискиот престој во Нирнберг, Германија), цртежи од Франција (од престојот и поддршката на азилот за диви животни “Le Refuge de l’Arche” и престоите во “Cite Internationalle des arts”), цртежи од Јапонија (сликани на традиционална рачно изработена хартија, главно од прочуената семејна работилница Iwano), слики и цртежи од Америка, Тунис, Египет…

На изложбата ќе бидат претставени и дела од циклусот „Кучињата лаат” што премиерно беше изложен во Москва во 2015-тата година и дела од циклусот „Цвеќулиња” што за прв пат беа изложени во Берлин во 2012-та година. На поставката ќе се најдат и скици и цртежи од мал формат што Андреевски ги има правено буквално за време на патувањата: во авион, автобус, на брод…

Најголемиот дел од сликите, цртежите и скиците се прошетани на неколку континенти, но никогаш до сега не биле изложени пред македонската јавност.

Куратор на изложбата што ќе биде отворена до 12-ти јуни е д-р Кирил Пенушлиски.

Проектот е поддржан од македонското министерство за култура и Музејот на македонската борба за самостојност – Скопје.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе