Групна изложба „Скршено“ во Музејот на современа уметност

Во Музејот на современа уметност, вечерва со почеток од 20:30 часот ќе биде отворено групната изложба „Скршено“, со која официјално ќе биде отворен осмиот по ред Викенд на гордоста Скопје 2020. Групната изложба вклучува дела од Феликс-Гонзалез Торес, Полин Бодри и Ренате Лоренц, Карин Мичалски, Христина Иваноска, Велимир Жерновски, и Хермес Питакос и Федерика Даури, а куратор на изложбата е Славчо Димитров.

„Во услови на сѐ поголемата закана од неолиберализмот, како и националистичките, хетеронормативни и маскулинистички идеали на единство, чистота, целовитост, едноликост, успех, сопственост и совршенство, нашата цел со „Скршено“ е да понудиме критичка перспектива втемелена во претставата дека сме скршени на фундаментален и специфичен начин, и дека токму таа скршеност нуди можност за алтернативни политички хоризонти“, велат од Коалицијата Маргини и ЛГБТИ Центарот за поддршка.

Делото на Феликс Гонзалез-Торес е поставено како концептуална позадина на изложбата со цел да се оддаде признание на огромната важност и влијанието што неговите дела ја имаат врз современите уметности и квир историјата, но исто така и затоа што го воведува концептот за скршеноста како еден од основните проблеми и оски на естетското и политичко креирање и критика.

Феликс Гонзалез-Торес е уметник чиешто дело ја испиша и измести светската историја на уметноста во 80-тите и 90-ти години, а којшто за првпат го изложуваме со негово дело во рамки на Балканот.

Уметници кои ја сочинуваат плотта на изложбата го обработуваат концептот на ранливост, изложеност, назадни чувства, неизвесност, скршеност и суров оптимизам на комплексни и разновидни начини, и согласно сопствените естетски и уметнички стратегии, и отвораат копнежливи хоризонти и нови сознанија на искусување, интерпретација и отелотворување на субјективноста, светот, природата, екологијата, сексуалноста, моќта, насилството и слободата, токму преку искуството на скршеноста, отаде истоштувачките приврзаности и суровиот оптимизам.

Викендот на гордоста Скопје е фестивал за квир култура, уметност и теорија чија цел е да создаде простор за презентирање и промовирање на ненормативните форми на светообразување или, со други зборови, на односите, афектите, идентитетските позиции, телесните стилови и сензибилитети обележани од хетеронормативниот, националистички и неолиберален капиталистички контекст, како квир, ексцентрични и неуспешни. Основната кураторска тема на овогодишното издание на Фестивалот е Суров оптимизам, со што се оддава почит на делото на Лорен Берлан за суров оптимизам (2011), како и да се истражат и проблематизираат современите општествени, културни и политички состојби преку овој концепт како критичка алатка. 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе