Групна изложба на нормандски и македонски уметници

На 17 ноември, во францускиот град Ле Авр (Le Havre), во Theatre De L'Hotel De Ville, се отвори изложбата Une rencontre en aller-retur, на која учествуваа младите македонски автори Александра Ацеска, Ангел Миов и Ана Ивановска, заедно со нормандските автори, Dominique Dureau, Christian Tangre и креаторот и организаторот на проектот Yvan Le Soudier.

„Овој проект, има амбиција да ги постави условите за размена меѓу нормански уметници и уметници од други земји, преку реализирање на состаноци и групни изложби во Ле Авр и во нивниот роден град. По пет години, во 2020, оваа акција ќе заврши со голема изложба во Ле Авр, која ќе ги собере уметници од единаесетте земји кои учествуват во проектот. Изборот да се поканат македонски уметници е резултат од желбата да се отвори прозорец на овој европски регион, за кој не е дадена голема медиумска покриеност во Франција“,  пишува Yvan Le Soudier. Поставката на изложбата ќе трае до 3 декември.

Ана Ивановска

Во оваа размена помеѓу уметници и држави,  се акцентира  изјавата дека надвор од настаните на уметничкиот пазар, уметничкото творештво е динамично и разновидно во сите европски и други региони. Денешната уметност,  како и во минатото, во суштина е состојба  на уметниците кои чувствуваат потреба  да ја изразат својата врска со светот во кој живеат. Независно од нивниот став за културата, природата и општеството, сите тие имаат цел да создаваат дела кои се стремат да ги споделат со поканетите реципиенти.  Денес,  кога врската меѓу луѓето е неопходност, преземње  иницијатива за собирање на изложба на уметници кои живеат во различни земји, е ефикасен начин да се изрази оваа конвергенција на човековите чувствителности.

До сега реализирани се изложбите на уметници од Германија (Магдебург), Мароко (Есхауира), Чешка (Прага) , Кореја (Јеџу), Молдавија (Кишињев), Македонија (Скопје), а во план во 2019 се изложби со уметници од  Данска (Копенхаген), Обединетото Кралство, Словачка и Србија.

За возврат, поканетите уметници ја преземаат одговорноста за организација на изложба во нивната држава. Во 2020, во Скопје, македонските уметници кои беа дел од проектот, ќе организираат изложба на која ќе се претстават пред македонската јавност, со тројцата уметници од Ле Авр.

Овој проект ќе заврши во 2020 година кога ќе се организира голема групна изложба во Ле Авр, која ќе ги собере единаесетте земји кои ќе учествуваат во овој проект.

Градот Ле Авр и некои француски институти ја разбраа важноста на овој проект и одлучија да го поддржат. Проектот исто така е поддржан од Францускиот институт во Скопје.

Ангел Миов

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе