Групна изложба на македонски уметници во Њујорк

Во галеријата на Македонскиот културен центар во Њујок, САД (Gallery MC, NYC, USA) денеска официјално ќе биде отворена групна изложба со наслов „Пиперка".

На изложбата ќе бидат претставени дела на тројцата македонски уметници: Решат Амети, Сергеј Андреевски и Емил Шулајковски, а нивни гости ќе бидат уште седуммина уметници: Памела Тол, Гејл Тастин, Ерика Харис и Кејт Синклер од САД; Мариа Павловска и Роберт Дандаров – македонски уметници кои живеат и творат во САД и Воскресија Андреевска која воедно е и дизајнер на плакатот.

„Пиперката е производ што доминира во македонската кујна. Присутна е како основна храна и како додаток на јадењето, зачин. Блага, малку лута и лута – токму онаква каков што е и животот што денес сите ние го живееме. И гостите уметници од САД имале можност да ја вкусат нашата пиперка, а покрај неа и нашата култура. Но, сите тие, и во својата земја, на различни начини се соочуваат со лутината на пиперката, на животот!, изјави Сергеј Андреевски, куратор на проектот.

Изложбата ќе биде отворена до 28 мај и е поддржана од Министерството за култура.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе