Изложба на наши уметнички

„Граници“ на Старова Ќерими и Мехмети пред публиката во Цирих

Од денеска до 4 декември 2021 во Галеријата „Gentinetta" во Цирих, Швајцарија ќе биде поставена изложбата на уметничките Дита Старова Ќерими и Шќипе Мехмети. Емил Алексиев, ликовен критичар вели дека проектот е чин на храброст да се преминат границите, ѕидовите...

„Ние исцртуваме граници на земјата и градиме ѕидови. Опкружени сме со ѕидови. Ова е свет на граници и ограничувања, а нашата култура е култура на разлики (поимот разлика мислен како негативно одредување, како услов за идентитет). Ѕидовите се околу нас, го делат просторот, го затвораат, нè опкружуваат, се вкрстуваат и сè разминуваат, се протегаат во недоглед, се шират на сите страни создавајќи непрегледен лавиринт“, се вели во најавата на изложбата.

Емил Алексиев, ликовен критичар вели дека уметноста е можна поради тоа што уметникот се осмелува да ги пречекори границите. Тој заминува на неизвесно патување во непознатото, зад границата на она што е видливо и познато. Храброста на уметникот да ги пречекори границите создава можност да се создаде уметничко дело.

Тој посочува дека овој проект е токму таков чин на храброст каде ликовните уметници Шќипе Мехмети и Дита Старова се обидуваат да ги пречекорат границите на познатото во своите дела и да се упатат кон некои нови и непознати предели на уметноста.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе