Гран при на „Зимски салон“ на ДЛУМ за Виолета Чаповска

Уметникот Виолета Чаповска е добитник на Гран при наградата на 18-та биенална изложба „Зимски салон“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), која официјално вчера беше отворена во Чифте амам. Наградата се состои во двомесечен престој во ателје Париз и ја обезбедува Министерството за култура.

Чаповска (1967) е родена во Скопје. Дипломирала на Одделот графика на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 1991 година, а магистрирала на Универзитетот Кралски институт на технологија во Мелбурн во 1995 година. Таа работи со графика, перформанс, видео, текстил, фотографија и сајт специфична уметност. Има остварено многу самостојни и групни изложби, а нејзините дела се вклучени во многу приватни и државни колекции.

Наградата  ја додели националниот координатор за развој на културата Роберт Алаѓозовски. Добитничката Виолета Чаповска, кој во моментов е во странство, се обрати преку видео-конференциска врска. Наградата во нејзино име ја прими внуката Јана.

„Првиот грев – првата доблест“ е темата на 18-та биенална изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) „Зимски салон“.

Кирил Пенушлиски, куратор на  18. „Зимски салон“, истакна дека разлика меѓу овој „Зимски салон“ и претходниот е во тоа што годинава има само еден гостин, уметникот Александар Зафировски. Според Пенушлиски, Зафировски со своите дела дал придоес да се подигне квалитетот на годинешната манифестација и да даде ново светло не само на неговите дела, туку на целата изложба. Александар, како што рече кураторот, бил првиот и единствениот избор.

На изложбата учествуваат 16 автори: Вана Урошевиќ и Зоран Тодовиќ, Кирил Гегоски, Тања Балаќ, Марјана Костојчиноска Узунчева, Татјана Манева, Никола Пијанманов, Борче Богоевски, Илина Арсова, Филип Фидановски, Петра Јовановска, Шќипе Мехмети, Валентина Илијевска, Жаклина Глигориевска Кочоска, Виолета Чаповска и Слободан Живковски. Вана Урошевиќ и Зоран Тодовиќ работеле на едно дело. 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе