Годишна изложба на ДЛУМ - црна лента на бели ѕидови

Црна лента беше поставена на белите и празни ѕидови од изложбениот салон во Мала станица. За вчера беше најевно отворањето на годинашната изложба на Друштвото на ликовни уметници. Годинава 74 уметници, чии дела требаше да бидат изложени, на овој начин го изразија својот револт кон политиките на Министерството за култура. Нивните дела се само дел од каталогот за изложбата.

ДЛУМ бараат власта да им обезбеди трајно решение за галерија зашто новиот простор кој го добија во Градскиот трговски центар можат да го користат бесплатно само 120 дена во годината.

Со погрешните политики ја погребаа уметноста, црната лента е наш симболичен протест против таквите политики на Министерството за култура, вели Филип Фидановски, претседател на ДЛУМ.

На последниот конкурс за Годишната програма за национален интерес во културата, ДЛУМ од Министерството за култура доби пари за каталози, ама не и за изложбите за кои треба да бидат испечатени каталозите. ДЛУМ барало пари за шест изложби во 12 ставки, а министерството одобрило 210 илјади денари и само 1 ставка, за која се потребни 44 илјади денари за подготовка и печатење на каталог.

„Ликовната уметност е на дното. Ликовните уметници не земаат хонорари за своите дела. Државата не откупува дела, нема никави стимулативни мерки за уметниците. Порано се откупуваа дела и се поставуваа во државните институции, во Националната галерија, во Музејот на современа уметност. Државата нема никаков третман за уметниците“, рече Фидановски.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе