Гевгелиските фасади се разубавуваат со мурали

На една од зградите во средината на градското шеталиште во Гевгелија се изработува мурал чиј идеен автор е гевгелискиот уметник Миле Ничевски.

Тој, заедно со уметникот Милош Стојановиќ од Скопје, вредно работи на ова дело,кое е селектирано од Министерството за култура, да биде готово до прославата на општинскиот празник 7-ми Ноември.

„Се работи за композиција наречена ,,Бакнеж“ која беше на насловната страна на најпознатото македонско авангардно списание ,,Маргина“ како и на плакатите и картичките на мојата самостојна изложба на цртежи во Белград. Тоа е дел од трилогија во која е замислено да се реализираат мурали уште во градовите Струга, Битола и Скопје кои како и Гевгелија имаат арт фестивали“, рече Ничевски.

Покрај сликарство, авторот Миле Ничевски се занимава со изработка на графика, цртеж, стрип, театарска режија и дизајн. Магистрант е на визуелни комуникации на Европскиот универзитет, постдипломец во Париз и поранешен директор на Домот на културата во Гевгелија.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе