Филип Фидановски е нов претседател на ДЛУМ

Ликовниот уметник Филип Фидановски е избран за нов претседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија на денеска одржаното Собрание.

Фидановски е роден во Скопје 1977 година. Дипломирал во 2002 година на одделот за ќерамика, а магистрирал во 2006 година на Националната уметничка академија во Софија. Учествувал на 43 групни изложби во Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Белгија и Египет, а организирал и голем број самостојни изложби. Добитник е на голем број награди.

На седницата покрај Фидановски, со тајно гласање е избран и потпретседател, Управен одбор и Уметнички совет. За потпретседател е избрана Марјана Костојчиновска Узунчева. А дел од Управниот одбор се и членовите Златко Бојковски, Христијан Санев и Шкипе Мехмети.

За претседател на Уметничкиот совет избрана е Дијана Томиќ Радеска, а останати членови на составот се: Симонида Филиповска Китановска, Жани Гелевска, Марија Светиева, Маја Кировска, Новица Трајковски и Стефан Димовски.

”Со ова се заокружува новата постава за четиригодишниот мандат на раководни тела на ДЛУМ, кое ќе ги застапува интересите на уметниците членови на овој ликовен еснаф”, соопштуваат од ДЛУМ.

 

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе