Фестивал во Стразбур, прва награда за фотомонографијата „Егзит“ на Боро Рудиќ

На годинашниот фестивал „Фотоекспо“ во Стразбур, Франција, македонскиот фотограф Боро Рудиќ jа освои првата награда во делот за издаваштво, за неговата фотомонографија „Егзит“. Преку фотографиите во книгата, авторот го искажува својот став кон животот во современите градови, кој нè води кон отуѓување и укажува на потребата да се излезе од нив, во потрага по нешто подобро, што треба сами или, пак можеби, сите заедно да го откриеме.

Фестивалот се одржа од 24 до 26 јануари во Конгресната палата во Стразбур, каде што беа прикажани околу 800 фотографии и 44 фотокниги, кои влегоа во финалната конкуренција, пред повеќе од 3.700 посетители.

Прикажани беа само делата кои поминале низ ригорозната селекција на овогодишниот арт директор Véronique de Viguerie.
Книгата и фотографиите од книгата можат да се погледнат во „Рудиќ галерија“ на булевар АСНОМ 74, Скопје.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе