Солун

Ел Греко наградата за најдобар уметник за Мице Јанкуловски

На Меѓународниот саем на современа уметност Арт Тесалоники 4 во Солун, каде беше претставена изложбата „Неочекуван дијалог – ПИКАСО и ЈАНКУЛОВСКИ – керамики и слики", Мице Јанкуловски ја доби наградата Ел Греко за најдобар уметник.

„Пабло Пикасо, легендата на модернизмот и меѓународниот сликар Мице Јанкуловски кој изложува во рамки на Остен павилјонот на биеналето во Венеција и е награден со највисоката награда „Лоренцо Ил Магнифико“ за животно остварување на биеналето во Фиренца, оваа година – ќе претстават керамики и големи сликарски композиции од Форма 3 на Јанкуловски на АртТесалоники 4. Заеднички елемент на двајцата креатори е чувството за драма и чувството за игра, чувство за страдање и чувство за страст, кои по дефиниција се нарушени од уметничкото творештво. Црната доминира, додека белата и сината ги поставуваат границите и интензитетот на овој неочекуван, интересен дијалог“, рече професорот Манос Стефанидис од Атина, куратор на изложбата.

За изложбата е изготвена ексклузивна публикација која заедно со монографската книга „Мице Јанкуловски – сликарство | Форма III“ ќе бидат промовирани попладнево во рамките на Арт Тесалоники 4. 

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе