ПРИГОДНА ИЗЛОЖБА

Двајца уметници изложуваат икони во Прилеп во чест на празникот Свети Никола

Во ликовниот салон на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп поставена е традиционалната изложба „Уметниците во чест на Св. Никола“, како дел од одбележувањето на празникот Св. Никола. На изложбата се презентирани 30 икони од двајца уметници – Билјана Бинчев од Прилеп и Ванчо Димоски од Охрид, со што уметниците ја пренесуваат македонската традиција за иконопис.

Билјана Бинчев е член на ДЛУП, ДЛУБ и ДЛУМ и еден од основачите на ликовната колонија „Кратискара“ во Кратово. Во 2005 година дипломира на Педагошкиот факултет во Битола, а во 2014 година и на ФЛУ во Скопје, педагошки оддел со сликарство во класата на проф. Јован Шумковски. Имала неколку самостојни, а била дел од повеќе групни изложби и учествувала на ликовни колонии, меѓу кои и на колонијата „Дрен“. Моментно е на постдипломски студии на Универзитетот „Ноефит Рилски“ во Благоевград, Бугарија.

Ванчо Димоски е дипломиран сликар со реставрација и конзервација. Од 1998 година вработен е како овластен конзерватор на ѕидно сликарство, икони и мозаик во НУ Завод и Музеј - Охрид. Работи на конзервација и раслојување на ѕидно сликарство и на масла на платна, како и на превентивна заштита на икони и мозаици. Реконструирал повеќе дрвени предмети, конзервирал и реставрирал икони, живопис во цркви. Реализирал повеќе самостојни и групни изложби, а учествувал и на повеќе ликовни колонии, ликовни семинари, а добитник е на сертификат од специјализација Клагенфурт – Австрија.

Изложбата „Уметниците во чест на Св. Никола“ ја реализираат ЦК „Марко Цепенков“ и Општина Прилеп.

Прашањето на потпишување договор за добрососедство со Бугарија е вештачко прашање.

повеќе

Никој од политичарите не сака на народот да му ја каже вистината. Вистината за Македонија.

повеќе

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе