Двајца македонски уметници изложуваат дела во Јужна Кореја

На третата меѓународна изложба на современа уметност, насловена „Без граници" која се отвори синоќа во музејот „Фантапиа М“ во Сеул во Јужна Кореја, од над 150 уметници од светот, свои, оригинални дела изложуваат и двајца македонски уметници. 

На изложбата се застапени Златко Крстевски со слика масло на платно со димензии 80 на 60 сантиметри и Валентина Илиевска со фотографски принт. 

На изложбата се претставени уметници и од САД, Португалија, Франција,  Холандија, Русија и од други земји, претходно селектирани и одредени од меѓународниот кураторски тим во состав Фред Ван Вили од Холандија, Чанг Хвани и Јо Чонг Јул од Јужна Кореја.

По поставката, делата ќе бидат дел од колекцијата на музејот „Фантапиа М".

Делата застапени на изложбата во „Чанг Хил Кван арт музеум" се публикувани во специјална уметничка публикација со биографски референци, двојазично, корејски и англиски.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе