Доделени наградите на Меѓународниот фестивал на карикатура и афоризам

Златни плакети за најдобра карикатура и афоризам на 21. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам што се одржува во Струмица, жирито им додели на карикатуристот од Бразил, Ерико Жунгуеира Аурес и афористичарот Нинус Несторовиќ од Србија.

Сребрена плакета за карикатура доби Иваило Цветков од Бугарија, а бронзена Мирослав Георгиевски Миро од Македонија.

Наградата на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал ја доби македонскиот карикатурист Блаже Докулевски, а повеќе автори добија дипломи. Во категоријата афоризам сребрена плакета жирито му додели на Александар Чотриќ од Србија, а бронзена на Валентин Димитров од Бугарија.

Награда од Струмичкиот карневал доби македонскиот афористичар Атанас Крлевски, а дипломи им се доделени на тројца афористичари. На 2 март ќе биде отворена изложбата од годинашниов Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам и на авторите ќе им бидат врачени наградите. Фестивалот традиционално се одржува во рамки на Струмичкиот карневал, кој почнува на 26 овој месец и завршува на 4 март.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе