Денеска се отвора изложбата на ДЛУМ „Современа скулптура“ 2020

Друштвото на ликовни уметници на Македонија под покровителство на Министерството за култура и град Скопје, во рамките на манифестацијата Скопско културно лето, денеска ќе ја отвори изложбата „Современа скулптура“ во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ, во ГТЦ  Скопје.

Оваа година селектор на изложбата „Современа скулптура“ е историчарката на уметност Марика Бочварова Плавевска, која истакнува дека при сопствената селективност на ликовниот продукт за конкретнава изложба авторите се во ситуација неминовно да се концентрираат нe само на личниот континуитет, туку и на моќта да се подготват како вистински лауреати и скулптори што носат иновации гледани од различни дискурси.

„Анахроното без контекст треба да го потиснат или пак да се посветат на потенцирање на јасните индикации на идејните претпоставки врзани за актуелниот миг. Истовремено е пожелно да се одбегнува комерцијалниот аспект што е во функција на приходи, за да се отвори можноста на вклучување во презентацијата што ја маркира скулпторската продукција во изминатата година“, вели кураторката Бочварова Плавевска.

Според кураторката, исчекорот е во корист на уметникот којшто треба да опстои на ликовната сцена во Македонија, а партиципација во промената, вели таа, е мошне стимулативна за секој автор без разлика на генерациската припадност. Намерата е, вели, да се потврди сјајот на овие изложби, со можност и на откривање на нови таленти и нивно активно учество во промените, бидејќи нивната доминатност се оние што отсуствуваат. Оттаму е неминовно да ги потсетиме на минатото, посочува кураторката во текстот кон изложбата.

На изложбата учествуваат 13 уметници: Ана Димчевска Семенпеева, Андреј Митевски, Ангел Димовски Чауш, Вања Петрушевска Дуза, Љупчо Бојаров, Златко Бојковски, Јовица Мијалковиќ, Катерина Таневска, Перо Кованцалиев, Сашо Саздовски, Слободан Милошески, Филип Фидановски, Филип Цакоски, како и Боро Митриќевски – нашиот истакнат скулптор од чии семејство на изложбата се доделува една парична награда што го носи неговото име.

Изложбата ќе биде отворена денеска и ќе трае до 30 јули. Поставката поединечно или најмногу во група од двајца ќе може да се посети според работното време на Галеријата односно од понеделник до петок од 11 – 18 часот и во сабота од 10 – 15 часот. Галеријата е лоцирана во ГТЦ 2 кат локал 306, Скопје.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе