Дела од 25. Интернационална кичевска ликовна колонија во Куманово

Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово вечер во 20 часот ќе биде отворена изложба на слики од 25. Интернационална кичевска ликовна колонија.

На оваа реномирана колонија, којашто се организира во „Куќата на уметноста“ на локалитетот Кнежино во Кичево  на 25-тото издание учествуваа дваесетина уметници од земјата и од странство.

„Делата во најголем број се слики работени во техниката масло и акрил на платно, но има и графики и скулптури“, информираат од Центарот за култура.

„Ги поканувам кумановци да ги разгледаат делата од толкав број на уметници, изјави Роберт Цветковски“, од кумановскиот Центар за култура.

Колонијата е под покровителство на АД „Тајмиште“ – Кичево и во својата колекција има над 900 дела. Претставувањето на 25. Интернационална Кичевска ликовна колонија во Куманово е дел од годишната програма подржана од страна на Министерството за култура и ќе биде поставена за целиот период на времетраењето на Меѓународниот фестивал „Денови на комедијата 2019“ до 15 октомври годинава.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе