Арт(и)золацијата за време на пандемијата ковид-19

Човекот во жолтото заштитно одело

Вирусот е сеприсутен. Секојдневната интеракција со луѓето, предметите и природата го илустрира најдлабокото влијание на пандемијата врз нашите општества. Затворањето во нашите домови, всушност стана можност и отворање на нови перспективи, размислување или преиспитување на нашите приоритети, стравови, нашата интеракција со природата, семејството, пријателите, вредноста на слободата, влијанието на политиката, грижата за менталното здравје, интроспекција на нашето однесување (особено интересни феномени на грабањето тоалетна хартија)...

 

Уметнички инсталации

Главниот лик е „научник“ во заштитната облека, кој е персонификација на напорите на обичниот човек да се справи со предизвиците, да гo разбере и да се прилагоди на времето на коронавирус. Осаменоста, беззборовната комуникацијата, понекогаш мрачната атмосфера се контрастираат меѓусебно на фотографиите кои прикажуваат и среќни моменти како допир со природата или комуникација со пријател, без вообичаен човечки допир.

Криејќи се од вирусот, во постојани промени во расположението, стравовите и надежите, ненадејно откриваме микро космоси кои обично ги занемаруваме. Гледајќи се себеси како предмети, нашите реакции и соодноси, ни отвора фина подлога за  размислување: како ќе се промениме? Ќе  станеме ли помудри по корона изолацијата?

 Небојша Гелевски – Бане

(Сите инсталации и фотографии се направени дома за време на полицискиот час. (10-12 април, 61 час полициски час, Скопје, Македонија)

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе