Централно одбележување на Европските денови на културното наследство

Од денеска до 7 октомври ќе се одржи централното одбележување на Еврпските денови на културното наследство, коишто во нашата земја годинава се фокусирани на темата „Културното наследство и училиштата".

Во тие рамки, повеќе музеи и други институции што делуваат на полето на културното наследство најавија организирање настани со физичко присуство на посетители, и, се разбира, со почитување на протоколите за социјална дистанца.

Во организација на Националната галерија на Македонија веќе се одржаа две креативни работилници насловени „Детски фасцинации 20“, инспирирани од изложбата „Пејсажни фасцинации 20“ на уметникот Атанас Атанасоски. Музејот Куманово организира посета на локалитетот Камени кукли во с. Куклица и едукативна работилница насловена ”Легенди и преданија во современото живеење“. Во согласност со темата, Музејот Демир Капија ќе ја реалзира креативната работилница „Традиција, сегашност, иднина“, со ученици од локалното основно училиште.

Во Музеј и галерија Кавадарци, утре во 12 часот, ќе биде отворена изложбата „Културното наследство на Кавадаречко“. Најмалиот етнолошки музеј во светот од с. Џепчиште, Тетово, се вклучува во манифестацијата со поставување на изложбата „Верски реликвии и стари дипломи на заборавени занаети“ и со организирање на дебата околу издавањето на книгата „Македонски етнолошки буквар“ на 3 октомври.

На 6 октомври, Музејот на град Неготино ќе ја отвори меѓународната изложба на ликовни дела на Александра Кокотовиќ од Сараево, Босна и Херцеговина. Изложбата насловена „Уметноста како катализатор за социјални промени“ ќе биде поставена на отворен простор, во Лапидариумот пред музејот. Истиот ден, со почеток во 13 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност ќе биде промовирана илустрираната публикација за деца „Музејска сликовница“. 

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе