Уметничка инсталација

Биобалони на Перо Кованцалиев ќе лебдат во Прилеп

Во галеријата „Борко Лазески“ на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп на 17 ноември, во 19 часот, ќе биде поставена уметничката инсталација „365 килограми живот“ на уметникот Перо Кованцалиев од Гевгелија, кој живее и работи во Скопје.

Инсталацијата е составена од таканаречени биобалони, орган кој претходно бил дел од жив организам. Тоа е мочниот меур кај животното кој е препариран и исполнет со воздух.

„Со тоа се создава сличноста со балоните во секојдневието кои најчесто се дел од некоја прослава со цел да го разубават и декорираат просторот околу нас. Овие биобалони го отсликуваат последниот здив кај животното. Животно кое е насилно размножувано, измачувано, тероризирано и на крај убиено, за истото да се понуди на пазарот како производ од кој се профитира“, вели авторот Кованцалиев.

Тој е мултидисциплинарен уметник кој работи низ повеќе визуелни медиуми и пракси. Негови главен интерес е следењето на општествените промени, како локалните така и глобалните, каде што својата визуелна интерпретација ја преточува во еден вид на коментар кој е во прилог на одржливиот развој на животната средина, каде човекот ја има најважната улога.

Во неговите дела материјалот има секундарна важност во однос на идејата. Тоа е лесно видливо во опусот на неговото творештво каде користи различни материјали и пракси за материјализирање на идеата. Скулптурата, сликарството, графиката, кинетиката, дигиталните медиуми, како и видеото, фотографијата, инсталацијата, се уметничките форми на неговото визуелно изразување.

Перо Кованцалиев е уметник кој има завршено средно уметничко училиште во Скопје а, подоцна и дипломира на Факултетот за ликовни уметности, исто во Скопје. Моментало е на постдипломски студии, а оваа инсталација е дел од неговото истражување во текот на студиите. Тој низ ова дело воедно ги поставува прашањата за активизмот во уметноста. Дали уметноста се оддалечува од својата примарна улога, и кој се границите каде таа е присутна.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе