Амбасадата на Полска организира изложба за 80 години од почетокот на Втората светска војна

„Борба и страдање – полските граѓани за време на Втората светска војна" е насловена изложбата организирана од Амбасадата на Република Полска во Скопје, која вечерва од 19 часот ќе биде отворена во Музејот на македонската борба.

Изложбата е подготвена од Министерство за надворешни работи на Полска и Музејот на Втората светска војна од Гдањск. Со неа се одбележуваат 80 години од избувнувањето на војната која почнала на 1 септември 1939 година со нападот на нацистичка Германија врз Полска.

Во најавата за изложбата полската амбасада наведува дека овој најголем оружен конфликт во историјата донесе огромни човечки и материјални загуби, но имаше и големо влијание врз политичките и територијалните промени во Европа по 1945 година.

„Нашата изложба ја раскажува историјата на полската борба против тоталитарниот режим, копнежот по слобода и хероизмот да се спасат други, храброста на војниците и обичните луѓе, заедничка борба против непријателот и борбата за слобода на другите земји – сето ова го заслужува нашето сеќавање“, соопшти Амбасадата на Полска, која известува и дека на отворањето ќе присуствува и ќе се обрати претседателот Стево Пендаровски. 

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе