Музеј на Македонија

„Африкански лица“ - изложба на фотографии на Билјана Јуруковски

Во Музејот на Македонија вечерва ќе биде отворена изложбата „Африкански лица“ со фотографии на реномираната македонска фотографка Билјана Јуруковски. На изложбата, која финансиски е подржана од Министерството за култура, ќе бидат претставени повеќе дела создадени за време на нејзините патувања низ Африка.

„Посебен интерес предизвикуваат прекрасните портрети на народот Сури, една од најизолираните заедници населени во Југозападна Етиопија. Преку оваа изложба ќе имате прекрасна можност да се запознаете со архаичната култура на Сурите, но истовремено и да го посведочите уникатниот талент на фотографката Билјана Јуруковски. За ова волшебно патување низ Африка ќе можете да поразговарате со фотографката Билјана Јуруковски на средбата која ќе се одржи утре во 12:00 часот во Музеј на Македонија“, информираат од Музеј на РСМ.

Од Музејот посочуваат дека оваа изложба ќе биде пропратена и со негово предавање за народот Сури кое ќе се одржи на 23 јуни во 12:00 часот во Музејот на Македонија.

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе