75 години од основањето - јубилејна изложба на ДЛУМ

Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) вечер во два објекта на Националната галерија – Чифте амам и Мала станица, ќе отвори јубилејна изложба на негови членови по повод 75 години од основањето.

„На изложбата ќе биде претставен богат творечки опус, слики, скулптури, графики, цртежи, инсталации, таписерии од 292 автори, почнувајки од основоположниците на ДЛУМ, преку истакнати доајени кои го трасирале патот и оставиле силен белег во современата ликовна сцена, средна генерација истакнати ликовни автори, па се до новата генерација којашто ја претставува иднината на ДЛУМ. Горди сме на нашето членство и со задоволство го славиме овој значаен јубилеј“, соопшти ДЛУМ.

Изложбата се реализира во соработка со Национална галерија. Свеченото отворање ќе биде вечер во Чифте амам во 20 часот. Во согласност со антиковид-протоколите,  приемот на посетители ќе биде од 19 до 19:50 часот.

Истовремено ќе биде отворена за посетители и поставката во Мала станица.  Во двата галериски објекта изложбата ќе може да се посети до 12 декември 2021. 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе